сабота, 27 јули 2024

Клоп испиша историја, прв тренер на Ливерпул со 200 победи во Премиерлигата

Јирген Клоп стана само седмиот тренер со 200 победи во Премиерлигата, Германецот до ова постигнување стигна побрзо од Сер Алекс Фергусон, Жозе Мурињо и Арсен Венгер, пред него е само Пеп Гвардиола.

Објавено на

часот

Сподели

Синоќешниот триумф на Ливерпул од 4-1 во дербито со Челси значеше испишување на нова историја.

Јирген Клоп влезе во одбрано друштво и стана само седмиот тренер со 200 победи во Премиерлигата.

На Германецот му беа потребни 318 натпревари за да стигне до ова постигнување, па надмина неколку легендарни имиња како Сер Алекс Фергусон, Жозе Мурињо и Арсен Венгер.

Пред него е само Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити стигна до 200 победи на 269 натпревари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ