Оваа недела се појавија написи кои велеа дека Ливерпул се повлекол од трката за потписот на Џуд Белингем, на Енфилд сметаат дека немаат доволно пари за да го ангажираат Англичанецот, се верува дека се потребни околу 135 милиони фунти за реализирање на трансферот, плус 80 милиони фунти за петгодишна соработка.
На денешната прес конференција, Јирген Клоп беше запрашан на оваа тема, во прв момент одби да ги коментира шпекулациите но потоа направи интересна споредба.
„Не е само за Џуд Белингем, не разбирам зошто постојано зборуваме за работи кои во теорија не можеме да ги имаме“ – вели тренерот на Ливерпул.
„Не можеме летоска да донесеме шест фудбалери и за секој да платиме по 100 милиони фунти“.
„Треба да разберете што можете да имате и како да го добието тоа. Значи треба да видме колку пари Ливерпул ќе има на располагање и што можеме да направиме на трансфер пазарот со таа сума“.
„Не сме деца. Ако прашате 5 годишно дете што сака за Божиќ, и тоа ви одговори дека сака Ферари, сигурно нема да му кажете дека тоа е добра идеја“.
„Како прво, тоа е многу скап подарок, а како второ, не може да го вози автомобилот“.
„Можам само да ветам дека ќе го дадеме максимумот за да ги донесеме играчите кои ни се потребни и играчите кои ги сакаме“.