Кливленд е најдобриот тим во регуларниот тек од сезоната, по 35 одиграни натпревари имаат само четири порази.
Вчера славеа лесен триумф над Шарлот со десет поени разлика, 115-105, победата беше изборена со тимска игра.
Најефикасен беше Гарленд со 25 поени, Ален и Мичел реализираа по 19. Во составот на Шарлот, Бол и Милен постигнаа по 24 поени.
Резултати:
Оклахома – Бостон 105-92
Кливленд – Шарлот 115-105
Вашингтон – Њу Орлеанс 98-110
Орландо – Јута 92-105
Хјустон – ЛА Лејкерс 119-115
Голден стејт – Сакраменто 99-129