сабота, 19 октомври 2024

Клиниката за трауматологија е оставена без основни средства и опрема, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС и ДУИ го гледале здравството како партиска фирма, па наместо да се грижат за медицинскиот персонал и пациентите, тие се грижеле за тесно партиски интереси, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ од каде велт дека по извршените проверки во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) поранешното раководство ангажирало лица по договор за дело без финансиски согласности од Министерството за финансии.

Објавено на

часот

Сподели

На клиниката ТОАРИЛУЦ се преземени големи финансиски обврски без спроведени постапки, обвини денеска на прес конференција Петар Марков од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, повеќе од 60 лица на почетокот на оваа година биле ангажирани по договор за дело на клиниката без да имаат финансиска согласност од Министерството за финансии, што е спротивно на Законот за трансформација во редовен работен однос. За истото е предвидено дека за лицето кое раководи со институцијата, а анагажирало лица без предходна согласност од Министерството за финансии ќе се казни со казна затвор од шест месеци до три години. Во истовреме клиниката се соочува со недостаток на медицински сестри, за што раководството на водело сметка.“, рече Марков.

Поранешното раководство на ТОАРИЛУЦ, рече Марков, на клиниката буквално гледало како на партиска фирма, и истите наталожиле финансиски обврски во износ од 840.000 денари, а при тоа за истите не биле спроведувани постапки согласно Законот за јавни набавки.

„Истовремено јавните набавки се правени без план и без долгорочни калкулации за потребите на клиниката. Поради несоодветно планирање дојдено е до целосно исцрпување на договори и оставање на клиниката без основни медицински материјални средства и опрема. Имено, договорите склучени во тековната година се веќе исцрпени. Ова се само дел од причините зошто здравството е девастирано. Овој систем на работа заврши, за сѐ ова ќе има одговорност, а од сега па натаму следува многу работа и посветен пристап за подобри услуги за пациентите“, рече Марков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ