петок, 18 октомври 2024

Kлиниката за психијатрија е првиот од 18 здравствени објекти што ќе се реновира комплетно, најави Министерството за финансии

Објавено на

часот

Сподели

„Во Универзитетската клиника за психијатрија ќе биде заменета електричната инсталација, осветлувањето и системот за греење, ќе биде поставен централен систем за ладење, ќе биде поставена термоизолација на објектот, ќе се изврши реконструкција на кровот, замена на прозорците и вратите и слично.

За време на реновирањето пациентите од Клиниката ќе бидат хоспитализирани во Психијатриската болница – Скопје и на Одделот за психијатрија во Градската општа болница 8 Септември, за што овие установи имаат доволно капацитети. Детскиот оддел привремено ќе функционира во ГОБ 8 Септември – Скопје“, се вели во информацијата.

Во рамки на проектот, 10 милиони евра се предвидени за проекти за подобрување на енергетската ефикаснот на објекти на локално ниво, при што активностите за 42 проекта во 12 општини се веќе започнати, а дополнително се преземаат активности за поддршка на проекти во 16 општини, велат од министерството и додаваат дека бројот на објекти што ќе бидат опфатени со проектот може да расте и понатаму, бидејќи општините сè уште можат да поднесуваат апликации.

„Покрај поддршката на проекти што се однесуваат на подобрување на енергетската ефикасност и обвновливи извори на енергија во објекти на локално и централно ниво, со проектот се предвидува и воспоставување Фонд за енергетска ефикасност со иницијален капитал од 5 милиони евра којшто треба да функционира во рамките на Развојната банка.

Основни цели на проектот се намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор и поддршка за воспоставување и операционализација на одржлив механизам за финансирање енергетска ефикасност во јавниот сектор. Инвестициите во обновливи извори на енергија и зголемувањето на енергетската ефикасност на објектите на локално и на централно ниво, како и во индивидувалните објекти се покажа како особено значајно во време на енергетска криза. На овој начин се штедат пари како издаток за потрошената енергија, но се штедат и ресурсите за производство на таа енергија, а воедно се штити и животната средина. Затоа овој проект има особено значење и од аспект на рационализација на трошоците и од аспект на зачувување на животната средина“. соопшти министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ