„Токму заради јавниот интерес за пациентите и сите оние кои имаат потреба од врвна медицинска нега, беше побарано деблокирање на сметката за клиниката да може да работи без притисокот во секојдневните обврски кон банките и добавувачите.
Одбивањето на барањето за деблокирање на сметката зборува за организирана хајка и систематско инструираниот процес против клиниката и д-р Митрев со неосновано обвинение. Во постапката против врвниот македонски кардиохирург и клиниката ‘Жан Митрев’ посветени на спасување животи не постои пресумпција на невиност, туку организиран и систематски инструиран процес.
Се надеваме дека во фокусот на сите што се посветени на мониторирање на нашиот правосуден систем ќе дојде на ред и врвниот јавен интерес, а тоа е оневозможување на конструирање на судски процеси со цел да се уништат успешни стручњаци и правни субјекти.
Сепак и покрај блокираните сметки, клиниката секојдневно работи, прави сложени хируршки зафати и спасува животи на наши граѓани“, се вели во реакцијата на клиниката „Жан Митрев“.