сабота, 27 јули 2024

Клиника „Жан Митрев“: Организирана хајка со повик за линч за неосновано обвинение

Објавено на

часот

Сподели

„Ако процесот против д-р Жан Митрев и клиниката „Жан Митрев“ е непристрасен, фер и без влијание, тогаш каде е презумпцијата на невиност и зошто се води организирана хајка.

Презумпцијата на невиност како во секој случај, но посебно во случајот со д-р Жан Митрев и клиниката, што извршува општо-корисна функција за граѓаните и грижа за нивното здравје треба да биде сериозно и бескомпромисно почитувана.

Досега се покажа дека обвинителството целиот процес го води со намера да наштети, а не со намера да докаже вина, затоа што и самите знаат дека вина не постои.

И покрај сето тоа клиниката и д-р Митрев ја продолжуваат својата борба за правдата и за докажување невиност во овој инструиран процес и паралелно под целиот притисок продолжуваат да работат со своите пациенти, лекувањето и исполнување на својата хумана мисија“, соопшти клиниката „Жан Митрев“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ