сабота, 27 јули 2024

Климатски активисти се залепија за улиците на Берлин: „Не прифаќаме дека владата нема план“ (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Членовите на групата „Последна генерација“ (Letzte Generation) повеќе пати ги блокираа патиштата низ Германија во изминатата година во обид да ја притиснат владата да преземе подрастични мерки против климатските промени.

Тие постојано се „залепуваа“ на патиштата, предизвикувајќи гнев кај некои возачи и обвинувања за екстремизам од конзервативните политичари.

 

Покрај блокадите на патиштата, активистите рекоа дека подоцна денеска ќе организираат и бавни прошетки низ градот за и така да го запрат сообраќајот.

Утрово имаше околу 20 блокади низ градот, јави германската новинска агенција Дпа.

„Веќе нема да прифатиме дека владата нема план да го запре уништувањето на нашите животи“, се вели во соопштението на еколошката организација. „И затоа даваме отпор“.

дд

Берлинската полиција соопшти дека до 500 полицајци ќе бидат распоредени на улиците во текот на денот за да се спречат блокадите или брзо да се отстранат, јави Дпа.

Групата минатата недела објави дека нејзините членови ќе ги засилат своите акции во наредните денови и ќе се обидат да го блокираат градот по мирен пат.

Групата „Последна генерација“ сака Германија да престане да користи фосилни горива до 2030 година и да преземе краткорочни мерки, вклучително и воведување ограничување на брзината од 100 километри на час на автопатиштата како начин за намалување на емисиите во сообраќајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ