сабота, 27 јули 2024

Клеман Бон: Не сакам да им се продаваат лаги на Украинците, не можат веднаш да влезат во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„Треба да се биде искрен, ако кажеме дека Украина ќе влезе во ЕУ за шест месеци, година или две, се лажеме, тоа не е точно. Поверојатно тоа ќе се случи за 15 или 20 години а тоа е многу долг период“, рече Клеман Бон.

„Не сакам на Украинците да им се продаваат илузии и лаги. Ако на нив им се каже „Добре дојдовте во ЕУ“ но не сте ги прочитале ситните букви на дното на договорот, а тоа е всушност за 15 години, мислам ќе разочараме цела генерација Украинци, им должиме на Украинците политички проект во кој можат да влезат“, рече Бон.

Европската политичка заедница, предложена од претседателот Макрон е „комплементарна на ЕУ“ и „може да понуди политички и конкретен проект на земјите кои не се во срцето на Европската Унија а сакаат да се доближат до неа“, рече тој.

„Но, тоа не значи дека вратата е затворена, напротив, таа е отворена“, рече Бон, укажувајќи на придобивките како што се слободното движење во Европа и делумните придобивки од европскиот буџет за реконструкција на Украина или можеби заедничката енергетска политика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ