„Разговаравме за тоа што имаме направено во првите 100 дена на Владата и на премиерот му го презентиравме планот за намалување на долговите на јавно- здравствените установи. Го намалуваме долгот благодарејќи на ребалансот и на нашата сопствена заштита за 2 милијарди денари, го намалуваме долгот од 5 на 3 милијарди денари и со тоа долгот го донесуваме на едно одржливо ниво кое нема да биде закана за здравствените установи“, рече Клековски.
Премиерот Мицкоски, пак, како врвен приоритет на Владата го посочи здравјето на граѓаните и рече дека Владата изготвува план за во текот на следната фискална година овој долг да биде намален уште повеќе.
„Правиме план како Влада да во периодот што следи, можеби ете да речеме во текот на следната фискална година, уште повеќе да го намалиме тој долг. А очекуваме и со домаќинско, вредно, посветено работење на новиот менаџмент во болниците и во здравствените установи низ државата дел од тие долгови да бидат и по тој пат вратени назад. Јас можам да кажам дека како Влада врвен приоритет ни е здравјето на граѓаните“, рече Мицкоски.