Јирген Клоп наскоро ќе го добие првото засилување за новата сезона, се потпишуваат последните документи за трансфер на Алексис Мекалистер од Брајтон.
Зделката подолго време се најавуваше, и во прв момент се говореше дека Аргентинецот може да го чини Ливерпул и до 70 милиони фунти.
Но како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, клаузула во договорот им спасила богатство на „црвените“ и тие всушност ќе платат двојно помалку, односно околу 35 милиони фунти.