Таравари, откако ја разбрал веста, не верувајќи сосема во неа, изјави:
„Велат дека денеска ни ги одзеле печатите на Алијанса за Албанците за да им ги дадат на ДУИ… Е, ако е вистина ќе се жалиме, ама со печатите нека го носат и заробениот систем на државата што им е во рацете. А да прашам? Што е со народот, кој мисли за него? Може ли судот да му суди на народот? Е не може. Промената започна и нема печат што ќе ја запре“!
По расколот помеѓу Села и Таравари, тие одлучија да заминат по различен политички пат, едниот во коалиција со Евроскиот фронт на ДУИ, а другиот со опозициската коалиција Вреди.
Судскиот спор помеѓу двете групи за печатите на партијата и по оддржаните два паралелни конгреси, се чини, заврши денеска со одлуката на судот печатите на Алијанса за Албанците да припаднат на Зијадин Села.
Инаку, неодамна Села изјави дека има две опции, или Алијанса за Албанците која тој ја предводи, да не учествува на изборите бидејќи ги нема печатите за да понесе кандидатски листи до ДИК, или да оди во фронт со ДУИ, што потоа и го стори неговата фракција.
Арбен Таравари пак, потоа реплицираше дека ќе му ги даде на Села печатите за да се пријави за самостоен изборен настап со истомислениците од партијата, како што и самиот инсистирал, а што беше и повод, барем пред медиумите, за расколот.