петок, 18 октомври 2024

Клајстерс ја детронизира Вознијацки

Објавено на

часот

Сподели

Клајстерс (десно) не ѝ прости на Вознијацки

Во конкуренција за наследничка на Вознијацки се дури три тенисерки – Петра Квитова (Чешка), Викторија Азаренка (Белорусија) и Марија Шарапова (Русија). Во моментов најблиску до тоа е Азаренка, која веќе обезбеди полуфинален дуел со Клајстерс откако во четврт-финалето беше подобра од Пољачката Агнешка Радванска иако ги загуби првиот сет (6-7, 6-0, 6-2). Квитов и Шарапова допрва ќе треба да обезбедат место меѓу четирите најдобри, и тоа во дуелите со Италијанката Сара Ерани односно Русинката Екатерина Макарова.

Вознијацки на првото места на ВТА-листата беше 67 недели, а од есента 2010 само во период од седум дена, кон средината на февруари 2011 година ја немаше улогата на најдоброрангирана на светот. Нејзиното детронизирање нема да предизвика преголемо разочарување кај тениските стручњаци кои одамна велат дека Вознијацки е прва на листата на ВТА само поради лошиот систем на бодување, а не според својот квалитет и остварените резултати. Последна што ја нападна Данката беше легендарната Мартина Навратилова.

По двегодишна доминација на ВТА-листата по АО ќе биде детронизирана: Каролин Вознијацки

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ