Општинските советници на Ќустендил, Дупница, Бобов дол, Сапарева бања, Рила, Кочериново… стравуваат дека Македонија се обидува да ги пренасочи европските средства наменети за Коридорот 8 во друг паневропски транспортен коридор – преку Србија, јавува БНТ.
Советите на општините во целиот регион потпишаа Декларација во која бараат властите на Бугарија да посветат сериозно внимание на напредокот на важната инфраструктурна локација, која освен патна, вклучува и железничка пруга. Декларацијата ќе биде испратена до претседателот, Националното собрание, Советот на министри и други институции, јавуваат бугарските медиуми.