вторник, 22 октомври 2024

Ќерка на милијардерот Шинаватра избрана за премиер на Тајланд

Парламентот на Тајланд ја избра Паетонгтарн Шинаватра, ќерка на милијардер, за премиер. Таа со 37 години ќе биде најмладиот премиер во историјата на земјата и втора жена на таа позиција, по својата тетка Јинглук.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката е донесена само два дена откако Уставниот суд го разреши премиерот Сретта Тависин бидејќи во својата влада назначил поранешен адвокат кој поминал време во затвор. И новата премиерка и сменетиот премиер се од партијата Феу Таи, која беше втора на изборите во 2023 година, но формираше владејачка коалиција.

Веќе две децении, Тајланд е следен со државни удари и судски пресуди кои урнаа неколку влади и политички партии.

Партијата Феу Таи и нејзините претходници го понесоа најголемиот дел од превирањата во Тајланд, при што две влади беа соборени со државни удари за време на долготрајната расправија меѓу основачите на партијата, милијардерското семејство Шинаватра и нивните ривали во конзервативниот естаблишмент и ројалистичката војска.

Новата премиерка е ќерка на Таксин Шинаватра, кој помина 15 години во егзил пред да се врати во земјата на денот кога Тависин стана премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ