Мечот беше изедначен од самиот почеток, се играше гол за гол до 8-8, потоа ПСЖ се одлепи на 10-8, но Кјелце го сврте резултатот и на паузата замина со предност од 16-14.
Во вториот дел имаше значително помалку голови, имаше многу грешки во нападите на двете екипи. Кјелце на крајот славеше со 25-24. ПСЖ го имаше последниот напад, шутираше за продолженија, но не успеа да постигне гол.
Алекс Душебаев со шест гола и Каралек со пет беа најдобри кај Кјелце, додека Стејнс постигна шест гола за ПСЖ.
Кјелце за големиот трофеј од Лигата на шампионите ќе се бори со Магдебург кој претходно на пенали ја совлада Барселона.