На континенталниот собир во Германија се очекува да бидат соборени неколку рекорди, а еден од нив ќе му припадне на 16 годишниот Ламине Јамал, кој ќе стане најмладиот фудбалер со настап на Европско првенство.
Ѕвездата на Барселона седна на разговор со АС во пресрет на ЕВРО 2024 и откри дека со себе понел тетратки и книги, зошто има домашно.
„Имам домашно како и он-лајн часови и ми оди добро. Се надевам дека наставниците нема многу да ме бараат“ – вели напаѓачот со насмевка на лицето.
„Претходно го гледав Европското првенство седејќи на каучот заедно со мајка ми, а еве сега ќе бидам дел од ова големо натпреварување“.