Наместо тоа, сценаристот на „Марсовецот“ (The Martian), Дру Годард ќе го напише и ова сценарио, ќе режира и ќе продуцира со неговата колешка Сара Есберг. Лана Вачовски е вклучена како извршен продуцент. Сѐ уште не се знае кој од досегашните главни ѕвезди на „Матрикс“ – Кијану Ривс и Кери-Ен Мос ќе ги повторат своите улоги, и ќе им се придружи на Јахја Абдул-Матин Втори, Џонатан Гроф, Нил Патрик Харис и Пријанка Чопра Џонас кои веќе го потпишале своето учество.
Годард беше номиниран за Оскар за пишувањето на „Марсовецот“, научно-фантастичната сага во режија на Ридли Скот и со Мет Дејмон во главната улога.
„Не е претерано да се каже дека филмовите „Матрикс“ го променија и киното и мојот живот. Извонредната уметност на Лана и Лили ме инспирира секојдневно и јас сум неизмерно благодарен за можноста да раскажувам приказни во нивниот свет“, изјави Годард.
Филмската приказна за „Матрикс“ почна 1999 година и се претвори во еден од највлијателните научно-фантастични серијали во историјата на филмот. Следеа три продолженија: „Матрикс: Повторно наполнет“ (The Matrix Reloaded) и „Матрикс: Револуции“ (Matrix Revolutions) од 2003., и „Матрикс: Воскреснувања“ (The Matrix Resurrections) од 2021 година. Последниот, четврти дел заработи само 159 милиони долари ширум светот наспроти буџетот од 190 милиони долари.