петок, 26 јули 2024
Комисија за заразни болести

Ќе се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје, во градинка нема да се примаат невакцинирани деца

Комисијата за заразни болести ѝ препорача на Владата да прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје, каде се потврдени 14 од 18 случаи на оваа болест која е сериозна и која може дури да биде и фатална. Од Комисијата велат дека сите случаи се засебни што значи дека болеста е и позастапена, и се шири, а за време на епидемијата акцент ќе се стави на вакцинацијата како најдобра превентива.

Објавено на

часот

Сподели

Со оглед дека во изминативе денови бројката на заразени од голема кашлица е во пораст, се одлучивме да предложиме и да препорачаме прогласување на епидемија за град Скопје, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски.

„Можеби звучи по малку страшно, но реално, прогласувањето епидемија треба да ни олесни во справување со ризикот кој доаѓа со болеста големи кашлици. Во таа насока моментално го подготвуваме, односно очекуваме да излезе подготвено упатство за постапување во услови на епидемија од страна на Институтот за јавно здравје и клучните активности треба да бидат насочени на пополнување на промашените вакцини“, рече тој.

Петличковски посочи дека е незадоволително нивото со опфатот на вакцинација на пертусис.

„Значи, тука треба да се фокусираме, да поправиме она што е промашено во изминатиот период. Затоа ќе ги повикуваме сите кои ја пропуштиле вакцинацијата предвидена со редовниот календар. Ќе предложиме да се организира работата на вакциналните пунктови во две смени и дополнително во сабота да се примаат деца за вакцинација“, рече тој.

Нагласи дека препорачуваат забрана за прием на деца невакцинирани за пертусис во градинки и очекува овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација, бидејќи фокусот е на заштита на најмалите, бидејќи, рече, оваа болест може да биде и е практично тешка, најтешка болест за најмалите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ