петок, 26 јули 2024
Јавното обвинителство издаде наредби

Ќе се прави обдукција за да се утврди дали се самоубил притвореникот кој чекаше судење за двојно убиство

Јавното обвинителство издало наредба за обдукција на починатиот притвореник во казнено поправната установа Затвор Куманово (К‘шање), соопштија денеска од ЈОРСМ. Притвореникот, осомничен за двојното убиство и убиство во обид за членови на поширокото семејство од кумановското село Габреш бил пронајден мртов во притворско одделение во К‘шање во понеделникот на 13 мај годинава. Според првични информации, станува збор за самоубиство. Од МВР само го потврдија случајот.

Објавено на

часот

Сподели

При проверка на бројната состојба на притворените лица, командирот го пронашол безживотното тело на притвореникот. Веднаш е известен судот, полицијата, јавното обвинителство, информираа од Затвор Куманово.

Од ЈОРСМ денеска соопштија дека е дадена наредба за обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта и ќе се чекаат резултатите од обдукцискиот наод.

Шеесет и седумгодишниот Д.Ѓ. чекаше судење, бидејќи обвинителството го сомничеше за двојно убиство и убиство во обид. Полицијата на 21 февруари, годинава го приведе Д.Ѓ. кој пукаше во сестра си и нејзините два сина со пиштол кој го поседувал со дозвола по семејна расправија. Шеесет и тригодишната Д. Р и триесет и осумгодишниот Т. Р починаа по пукањето, а триесет и шестгодишниот Ж. Р се здоби со прострелни рани. Ден подоцна, обвинителството определи притвор за Д. Ѓ кој го чекаше судењето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ