сабота, 27 јули 2024

Ќе има штрајк – Национални шуми вработи 400 лица, а нема пари ни за јануарската плата

„Штрајкот што ќе го започнеме во четврток нема да се прекине до моментот кога ќе се исплатат платите од јануари и февруари, рече на денешната прес-конференција претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП), Иван Пешевски.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Од синдикатот информираат дека ова претпријатие се соочува со исклучително тешки моменти и не исплаќа плати и придонеси, а вработува нови 400 работници.

Штрајкот, како што беше посочено на прес-конференцијата, е поддржан од синдикалните претставници од две третини од сите подружници низ државата на ова претпријатие.

„Барањата се едноставни, да се исплатат платите и надоместоците, кои пак за теренска работа, доцнат еда годиа, рече синдикалниот претседател. Да беа паметни лицата од власта немаше пред избори да вработуваат, туку на своите вработени редовно ќе им даваа плата. Сакаме премиерот и вицепремиерот за економски прашања да најдат решение. Ако имаат доблест, ако не можат да ги остварат барањата, тогаш раководството на претпријатието треба оставка да си даде“, рече Пешевски.

Тој нагласи дека никој ништо нема да работи, зашто нема плата, а се работи во тешки услови на надворешна изложеност.

Плата под просечната е потценувачка за инженерскиот кадар, и потценувачка за вработените на терен чија плата е близу до минималната, нагласи Пешевски.

Како претседател и на синдикатот за градежништво рече дека цените на становите се пораснати како резултат на манипулации од урбаната мафија, а не на порастот на платите, одговори тој на новинарско прашање поврзано со растот на цените на становите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ