„Во присуство на поголем број на жители но и претставници на бизнис секторот, невладини организации како и претставници на Инспекторатот за животна средина, беше презентирана документацијата и новото предлог зонирање, по што се отвори поширока дискусија“, пишува во соопштението на НП Маврово.
Од оваа институција наведуваат дека средбата е искористена за добивање на конкретни забелешки, предлози и сугестии во однос на идното зонирање на паркот. Директорот на НП Маврово, Харис Ибраими потенцирал дека сите забелешки ќе бидат сериозно разгледани и дека гласот на локалното население ќе се земе во предвид во понатамошните постапки.