вторник, 28 мај 2024

Ќе бидат потребни 14 години за отстранување на урнатините од Газа

Ќе бидат потребни 14 години за да се расчисти огромното количество урнатини, вклучувајќи ги неексплодираните експлозиви средства, кои ги оставил Израел во војната во Појасот Газа, изјави денес функционерот на Обединетите нации Пер Лодамар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лоамар, виш офицер во Службата на ОН за отстранување мини (УНМАС), кажа на брифингот во Женева дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизираната, густо населена територија, пренесува Ројтерс.

Тој наведе дека, иако не е можно да се утврди точниот број неексплодирани убиствени средства најдени во Газа, проектирано е, под одредени услови, дека би биле потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека обично постои стапка од 10 отсто неуспех, односно неактивирана муниција. Зборуваме за 14 години работа со 100 камиони“, кажа Лодамар.

Израелската воена операција против Хамас во Газа сведе поголем дел од Појасот Газа, тесна крајбрежна територија со 2,3 милиони луѓе, на пустош, со повеќето цивили без покрив над глава, без храна и ризик од болести, напоменува британската агенција.

Конфликтот почна по упадот на Хамас на израелска територија на 7 октомври минатата година, при што беа убиени 1.200 луѓе, а околу 250 беа грабнати.

Во израелската воена офанзива на Газа од 7 октомври се убиени најмалку 34.305 Палестинци, додека 77.293 се ранети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ