сабота, 27 јули 2024

Кизиќ: Со Томовски дишевме како едно на овој натпревар

Марко Кизиќ имаше две одбрани на натпреварот против Швајцарија, но и двете беа во клучен момент кога се решаваше победникот.

Објавено на

часот

Сподели

Македонските голмани Мартин Томовски и Марко Кизиќ беа клучни за победата над Швајцарија. Томовски мечот го заврши со 12 одбрани, а Кизиќ имаше две во моменти кога се решаваше победникот.

„Нормално е дека имаше адреналин кога ми кажаа да влезам во игра, бидејќи цело време бев во мечот и дишев заедно со мојот колега Томовски и со останатите во репрезентацијата. Немав време за размислување, а емоциите дури сега почнуваат да работат. Дури сега сфаќам дека и јас помогнав за големата победа, до која дојдовме како тим. Бев возбуден кога дознав дека ќе бидам во тимот, добро се подготвував и си ја чекав шансата, иако Мартин баранеше фантастично. Среќен сум што се отвори барем мал простор за да помогнам и што добро ја извршив зададената задача“, изјави Кизиќ.

„Влегов да бранам, тоа е нешто што најдобро знам. Далеку од тоа дека на среќа ги фатив топките. Секоја капка пот на тренинзите ја пролевам во насока да го сторам тоа што го направив денеска. Секогаш има среќа, но најмногу е до работат и трудот“.

Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ