сабота, 21 декември 2024

Китевски, Каров, Темков и Михајловски добитници на наградата  „11 Октомври“

Истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски е добитник на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката. Мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски се добитници на наградата  „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира денеска Министерството за култура, оваа одлука ја донел Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на седница одржана на 11 септември 2024 година.

Претседателка на Одборот е проф. д-р Елена Јованова – Грујовска.

Државната награда се врачува во Собранието на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ