вторник, 5 март 2024

Кисинџер: Кина ќе помогне војната во Украина да заврши до крајот на годинава

Објавено на

часот

Сподели

По неколку рунди мировни преговори меѓу Украина и Русија во раните месеци од конфликтот што го почна во февруари 2022 година, ниту една страна не изгледа спремна да се врати на преговарачката маса.

Пекинг навидум се обиде да ги обнови разговорите меѓу Киев и Москва со документ од 12 точки објавен на првата годишнина од инвазијата. Заедно со повикот за прекин на огнот, според кинескиот план, руските трупи би останале на окупираните територии на Украина и би се укинале сите санкции што не се одобрени од Советот за безбедност на ОН, чиј член е Русија со право на вето.

Во интервју за Си-би-ес њуз што се емитуваше во неделата, Кисинџер звучеше уверен дека Кина ќе помогне да се промени текот на војната.

„Сега кога Кина влезе во преговорите, тоа ќе заврши мислам до крајот на годинава“, рече тој. „Ќе зборуваме за преговарачки процеси, па дури и за вистински преговори.“

Кисинџер, исто така, рече дека верува дека и кинескиот претседател Си Џинпинг и Путин би разговарале со него кога тој би им телефонирал.

На прашањето дали би се сретнал со Путин во Москва кога некој претседател би го побарал тоа од него, пензионираниот дипломат рече: „Би бил склон да го сторам тоа, да. Но би бил советник, а не активна личност“.

И покрај објавувањето на мировниот план од 12 точки, Си се соочи со критики од меѓународната заедница затоа што не зборува против инвазијата на Путин. За време на војната, тој и другите претставници на Пекинг цврсто тврдеа дека Кина е неутрална и дека сака само мир.

Меѓутоа, во исто време, кинеските и руските официјални лица јавно зборуваа за блиските врски меѓу нивните земји, а Си отпатува за Москва во март за да го посети Путин. Пред доаѓањето на Си, Путин напиша статија за кинескиот Народен весник во која рече дека односите меѓу Русија и Кина се „без ограничувања и табуа“.

Сепак, Си подоцна имаше едночасовен телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски во април.

„Во услови на сегашниот пораст на разумно размислување и гласови од сите страни, треба да ја искористиме можноста да изградиме поволни услови за политичко решавање на кризата“, му рекол Си на Зеленски, според официјалното соопштение од Кина.

На Твитер Зеленски рече дека тој и Си имале „долг и значаен разговор“.

Тој додаде дека „овој повик, како и назначувањето на украинскиот амбасадор во Кина, ќе дадат моќен поттик за развојот на нашите билатерални односи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ