среда, 15 мај 2024

Началникот на украинската разузнавачка служба: Навални не е убиен, тој починал од природна смрт

Началникот на Управата за разузнавачки работи на министерството за одбрана на Украина, Кирило Буданов изјави денеска дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални починал од природна смрт, пренесува Украинска правда.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Можеби ќе ве разочарам, но знаеме дека Навални почина од згрутчување на крвта. Ова не се податоци од интернет, помалку или повеќе е потврдено дека се работи за природна смрт“, изјави Буданов на прес-конференцијата.

Тој ги повика луѓето да не веруваат дека режимот на Владимир Путин во Русија ќе падне „природно, сам по себе“ и додаде „без наша помош, тоа не е реално“.

Според него, стабилен режим во Русија е закана за Украина и за светот и затоа Украинците ќе продолжат со операциите на руска територија.

„Се додека сме во војна, во Русија ќе има проблеми“, рече Буданов и нагласи дека нападите врз руските воени бази на окупираниот Крим ќе продолжат.

„Непријателот го чекаат нови изненадувања, а на цивилите не им препорачувам да го користат мостот на Крим“, изјави Буданов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ