„Можеби ќе ве разочарам, но знаеме дека Навални почина од згрутчување на крвта. Ова не се податоци од интернет, помалку или повеќе е потврдено дека се работи за природна смрт“, изјави Буданов на прес-конференцијата.
Тој ги повика луѓето да не веруваат дека режимот на Владимир Путин во Русија ќе падне „природно, сам по себе“ и додаде „без наша помош, тоа не е реално“.
Според него, стабилен режим во Русија е закана за Украина и за светот и затоа Украинците ќе продолжат со операциите на руска територија.
„Се додека сме во војна, во Русија ќе има проблеми“, рече Буданов и нагласи дека нападите врз руските воени бази на окупираниот Крим ќе продолжат.
„Непријателот го чекаат нови изненадувања, а на цивилите не им препорачувам да го користат мостот на Крим“, изјави Буданов.