сабота, 27 јули 2024

Кире Лазаров во топ 10 ѕвезди на ЕП

Објавено на

часот

Сподели

„Погледнете ги овие играчи, тие ќе ви ги направат следните 15 дена незаборавни“. Ваква е најавата за „ТОП 10“ на специјализираната интернет-страница за ракомет, handball-planet.com. Сместувањето на Лазаров меѓу најдобрите и не е изненадување, со оглед дека македонскиот репрезентативец одамна има статус на ракометен ас.

Лазаров на последниот голем настан со репрезентацијата на Македонија, на Светското првенство во Хрватска, постави рекорд по бројот на головите на еден шампионат и беше нормално,а најдобар стрелец на турнирот со речиси двоцифрен број голови во просек.

Покрај нашиот ас, во „ТОП 10“ во изборот на страницата се и плејмејкерот на Франција, Никола Карабатиќ, потоа плејмејкерот на Хрватска, Ивано Балиќ, Исланѓанецот Александер Петерсон, кој игра и десен бек и десно крило.

Следуваат и Уве Геншајмер, лево крило од Германија, Филип Јиха, левиот бек на Чешка, Момир Илиќ, левиот бек на Србија, Микел Хансен, лев бек на Данска, Ким Андерсон, десен бек на Шведска и Криштоф Лијевски, десен бек на Полска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ