Киплагат патеката од 42 километри ја истрча со време од 2:15.09 часа, втор беше неговиот сонародник Черио Лабан, а трет заврши Македонецот, Дарио Ивановски со време од 2:19.08 часа.
Во женска конкуренција победи Рут Матебо од Кенија со 2:15.09 часа, втоа беше Мерси Кипекомои, а како трета заврши Марија Врајиќ.
Во полумаратонската трка во должина од 21 километри најбрзи беа Адријана Поп Арсова во женска и Бен Фелтон од Велика Британија во машка конкуренција.
На 19. издание на Скопскиот маратон беа пријавени рекордни преку 11.000 натпреварувачи од кои најголемиот дел ја трчаа делницата од 5 километри.