сабота, 4 јануари 2025

„Кино утро“ во Кинотека од 9 јануари

Во рамки на јануарската програма, во Кинотека ќе се одржува „Кино утро“ – иницијатива за деца и млади.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Кинотека, во рамките на програмата на „Кино утро“ ќе бидат прикажани: македонскиот анимиран филм „Јон против галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски, „Мечето Падингтон“, „Божиќната магија на животните“,„Кариран нинџа 2“,„Дедо Мраз супер херој“ и „Соништата на еден робот“.

„Тематот ‘Кино утро’ има за цел да ги доближи најмладите до филмската уметност и да го разбуди нивниот интерес за киното како посебно доживување. Овие проекции не се само забава – тие се и можност за учење, развој на фантазијата и градење на емоционална интелигенција. Денешните деца, кои растат во дигиталната ера, заслужуваат да ја доживеат магијата на киното – местото каде што светот на фантазијата оживува на големиот екран. Поттикнувањето на љубовта кон киното кај најмладите е не само едукативен, туку и културен чин, кој им помага да ја разберат важноста на уметноста и раскажувањето приказни“, соопштија од Кинотеката.

Проекциите на филмовите почнуваат од 9 јануари 2025 година.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ