недела, 19 мај 2024

Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во Белград, го пречекаа Вучиќ и државниот врв (ВИДЕО)

Претседателот на Народна Република Кина Си Џинпинг слета во Белград. Авионот на кинескиот претседател од границата го придружувале српски ловци МиГ-29, додека на аеродромот Никола Тесла во негова чест била построена гардата на српската војска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Покрај претседателот на Србија Александар Вучиќ, кинескиот претседател Си Џинпинг на аеродромот го пречека делегација на државниот врв на Србија, вклучувајќи ги премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, амбасадорката на Србија во Кина и кинескиот амбасадор во Белград.

Вучиќ му порача на Си дека со оваа посета му прави голема чест на српскиот народ, кој искрено ја сака Кина и го цени пријателството на таа земја.

„Визијата на светот за која се залагате ѝ дава инспирација и сила на нашата мала земја која денес храбро и гордо чекори по патот на напредокот и успехот. Сакаме со искрено гостопримство да возвратиме макар мал дел за сета поддршка која несебично ѝ ја пружате на Србија. Да живее челичното пријателство на Србија и Кина, искалено во тешките времиња кое ќе го чуваме низ заемна почит, разбирање и поддршка“, порача Вучиќ на социјалните мрежи.

Посетата на Си Џинпинг на Србија се поклопува со одбележувањето на 25-годишнината од бомбардирањето на кинеската амбасада за време на НАТО агресијата на Србија во 1999 година, а во нападот загинаа тројца кинески новинари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ