сабота, 27 јули 2024

Кинескиот претседател: Односите меѓу Москва и Пекинг издржаа во услови на нестабилна меѓународна ситуација

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин разменија телеграми со честитки по повод Новата година, пренесува кинеската Централна телевизија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во својата честитка, кинескиот претседател истакна дека односите меѓу Русија и Кина во 2023 година издржаа во услови на нестабилна меѓународна ситуација и го зачуваа здравиот и стабилен развој.

„Во 2023 година, соочени со вековни промени и нестабилна меѓународна и регионална ситуација, односите меѓу Русија и Кина го зачуваа здравиот и стабилен развој и постојано се движат во вистинска насока“, се наведува во честитката.

Исто така, се додава дека кинескиот претседател нагласил дека под нивно заедничко раководство се продлабочува меѓусебната политичка доверба меѓу Русија и Кина, стратешката соработка стана поблиска, а заемно корисната соработка постојано дава нови резултати, пренесува Спутник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ