недела, 20 октомври 2024

Кинескиот претседател им нареди на ракетните сили да ја засилат борбената готовност

Кинескиот претседател Си Џинпинг изврши оваа недела инспекција на ракетните сили на Народната ослободителна армија и ги повика да ги засилат своите „способност за одвраќање и борба“, пренесуваат кинеските државни медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на инспекцијата Си побарал од стратегиските ракетни сили „решително да ги исполнат задачите кои им ги довериле Комунистичката партија и народот“, пренесува државната новинска агенција Синхуа. Наредена е модернизација на кинеските нуклеарни сили во контекст на актуелните случувања во светот.

Си ја истакна потребата од „придржување до политичките насоки“, „јакнењето на одговорноста на мисијата“ и „промовирање на висококвалитетниот развој“. Минатиот месец Кина изврши ретко лансирање на интерконтинентална балистичка ракета во Тихи Океан, истакнувајќи го поголемиот фокус на нуклеарното јакнење на земјата.

Кинеската војска мина низ сеопфатна антикорупциска чистка минатата година. Отстранети беа повеќе генерали, вклучувајќи и некои од ракетните сили. Си во јуни предупреди дека постојат „длабоко вкоренети проблеми“ во политиката, идеологијата, начинот на работа и дисциплината на кинеската војска, додавајќи дека „не смее да постои место за криење на корумпираните елементи во војската“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ