петок, 27 декември 2024

Кинескиот претседател доаѓа во Франција, Србија и Унгарија, ќе разговара со Вучиќ

Кинескиот претседател Си Џинпинг од 5 до 10 мај ќе ги посети Франција, Србија и Унгарија, објави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Билатералните односи со Франција се во силен замав во моментов, а двете земји имаа стратегиска комуникација и практична соработка, рече портпаролот Лин Џијан, зборувајќи за посетата на Си во Франција.

„Кина со нетрпение очекува да соработува со Франција заради дополнително зајакнување на меѓусебната политичка доверба, солидарност и соработка“, рече Лин.

Тој исто така изјави дека Си ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ за да разменат мислења за билатералните односи и да разговараат за подобрување на односите меѓу Кина и Србија.

Тоа ќе биде прва европска турнеја на кинескиот претседател по пандемијата на ковид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ