среда, 11 декември 2024

Кинески висок функционер: Пекинг сака да развие успешни односи со Пјонгјанг

Кинескиот висок функционер Жао Леџи изјави за време на ретката посета на Северна Кореја дека неговата земја сака „успешно да ги развива“ односите со Пјонгјанг, пренесуваат денеска севернокорејските медиуми.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Жао, кој е претседател на Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес (кинескиот парламент) и член на Постојаниот комитет на Политбирото на Комунистичката партија, од четвртокот е во посета на Северна Кореја за да ја одбележи 75-годишнината од дипломатските односи меѓу двете земји.

Тој е третиот најважен кинески политичар, по претседателот Си Џинпинг и премиерот Ли Чијанг.

Жао и неговиот севернокорејски колега Чое Рионг Хае присуствуваа на церемонијата на отворање на „Годината на пријателството Северна Кореја и Кина“ во петокот, пренесе севернокорејската новинска агенција КЦНА.

За време на говорот, кинескиот функционер потсети дека „стратешката политика“ на Пекинг е „да ги брани, консолидира и успешно да ги развива“ билатералните односи.

Кина е подготвена да „отвори ново поглавје“ во пријателските односи меѓу двете земји, додаде Жао.

Неговиот севернокорејски колега нагласи дека односите меѓу двете земји „достигнаа ново златно доба под мудро водство“ на нивните водачи.

Пекинг е главна економска поддршка и долгогодишен сојузник на Пјонгјанг.

Ким Џонг Ун, исто така, се обидува да ги зајакне своите врски со Кина, додека го заостри својот тон кон јужниот сосед.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ