Батеријата работи со искористување на радиоактивното распаѓање на јаглерод-14 за генерирање електрична енергија. Има многу висока енергетска густина, излезна моќност од 433 нановати и минимална деградација – губи помалку од 5 отсто од својата моќност во текот на својот век на траење. Може да издржи екстремни температури од -100°Ц до 200°Ц и успешно напојуваше Лед лампа четири месеци во текот на тестирањето.
Водечкиот истражувач Су Маоген, професор и заменик-директор на факултетот за физика и електронско инженерство на универзитетот, изјави дека батеријата може да обезбеди трајна енергија за имплантирани медицински уреди како пејсмејкери и мозочно-компјутерски интерфејси, бидејќи не бара замена на батеријата во текот на животот на корисникот.
Поради можноста за долготрајно и стабилно напојување, батеријата е идеална за вселенски мисии, за истражувачка опрема на морското дно и поларни експедиции. Може да напојува вселенски сонди кои патуваат со децении, без потреба од сончева енергија или гориво.
Истражувањето е спроведено од Северозападниот Нормал универзитет во провинцијата Гансу, Кина, во соработка со Беита Фарматек, компанија специјализирана за изотопи на јаглерод. Кина исто така започна со масовно производство на јаглерод-14 во нуклеарен реактор, што ја прави помалку зависна од увозот, се вели во соопштението на Универзитетот.
Во меѓувреме, британски научници од Универзитетот во Бристол развија слична дијамантска батерија базирана на јаглерод-14, која може безбедно да го складира радиоактивниот материјал. Оваа технологија ветува револуција во медицината, безбедноста, истражувањата и новите извори на енергија.