петок, 25 октомври 2024
Неизвесна изградбата на автопатот Кичево - Охрид

Кинеската Синохидро бара итна средба со премиерот откако тој најави можно раскинување на договорот

Претставници на кинеската компанија Синохидро бараат уште утре итна средба во Владата откако во петокот премиерот Димитар Ковачевсвки најави ревизија на договорот за изградба на автопатот кон Охрид и додаде дека е можно да се раскине договорот бидејќи „несфатливо е и по 10 години 40 – 50 километри пат да не се изгради“.

Објавено на

часот

Сподели

Телевизијата Телма објави дека итна средба и разјаснување на работите побарала кинеската компанија откаде се бараат разговори уште утре..

Рокот со Сино хидро“ истекува на Нова година, иако завршени се само 78 отсто од работите за 600 милиони евра. Покрај премиерот, ревизија на договорот најави и вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека одлуката нема да биде нивна, туку на Владата имајќи ја предвид тежината на договорот.

Се чини дека проблемот не е во парите и можеби и не толку до интензитетот на работите на терен, туку во самата траса која минува низ десетина свлечишта што ја отежнува работата, а од министерството велат дека сметките со кинеската компанија се чисти.

За договорот со Синохидро предмет имаше отворено Специјалното јавно обвинителство врз база на прислушуваните разговори каде претставници на поранешната власт разговараат за можни провизии.

Телевизија Алфа пак, повикувајќи се на експерти од градежништво, наведува дека штетите од евентуалното раскинување на договорот би биле големи. При евентуална арбитражна постапка банкарските гаранции на домашните фирми би биле заробени, постапката не се знае колку време и пари би ја чинела Владата, а дека и самиот дисконтинуитет во градежните работи на трасата потоа ќе чини уште поскапо, велат експертите за телевизијата.

Инаку, од понеделник се очекува фактичката состојба на терен да започне да се проверува и да се екипира тимот за најавената ревизија на договорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ