сабота, 27 јули 2024

Кинеската нова година се заканува да го презагади Пекинг

Објавено на

часот

Сподели

Властите во Пекинг почнаа да ги предупредуваат граѓаните од опасната форма на загадување на воздухот, поради огнометното лудило што ги има зафатено и кое може да го презасити воздухот со хемикалии и ситни честички.
Службите за животна средина почнале на секој час да ги објавуваат резултатите од мерењата на честичките ПМ2.5, кои се испуштаат со издувните гасови од автомобилите и од оџаците од фабриките, а го зголемуваат ризикот од рак на белите дробови, предизвикуваат срцеви проблеми и други болести.
По неколку недели густ смог, за среќа, прославата на новата година во Пекинг започна со чисто небо благодарение на силните ветришта, и поради празничното затворање на фабриките и намалениот сообраќај.
Но мерните отчитувања насекаде во Кина драстично се зголемиле вчера вечерта, кога милионите граѓани на Пекинг ја започнале бурата од огномети, и покрај апелите на екологистите да не се користат ракети, прскалки и петарди.
Повеќе невладини организации апелираат да не се претерува со пиротехниката. Едни сугерираат градските власти да организираат еден заеднички огномет, а сè друго да биде забрането, како што е случајот со Хонг Конг. Други повикуваат на „зелена нова година“, односно парите што граѓаните на Пекинг ги трошат за петарди да се донираат во зголемување на зеленилото, кое уште повече ќе го прочистува воздухот во градот.
Пиротехниката ќе предизвика и планини од ѓубре. Според пекиншкиот одел за хигиена, за време на новогодишната прослава во 2011 од улиците на главниот град биле собрани 58 тони употребена пиротехника.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ