вторник, 24 декември 2024

Кинеската амбасада во Скопје ургирала кај Милошоски и Битиќи да не одат на Самитот на ИПАК во Тајван

Пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Фатмир Битиќи од СДСМ добиле силни ургенции упатени со висок тон од амбасадата на Народна Република Кина во Скопје да го откажат нивното учество на четвртиот Самит на ИПАК (IPAC), меѓународна неформална организација на парламентарци, кој оваа година се одржува од 29 до 30 јули во Тајпеј, Тајван, дознава МКД.мк.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

МКД.мк дознава и дека пораките да се откажат од патување во Тајван освен лично, им биле испратени и преку високи функционери во двете политички партии.

Но и покрај ова, пратениците Милошоски и Битиќи ќе учествуваат на четвртиот Самит на ИПАК, кој оваа година се одржува од 29 до 30 јули во главниот град на Тајван, Тајпеј.

ИПАК е најголемата неформална група на пратеници фокусирана на одговор на ширењето на сферите на интерес на Кина низ светот. Основана е во јуни 2020 година во која по личен избор членуваат околу 230 пратеници од 30 држави, на неформална, волонтерска основа.

Нивната цел, како што пишува на официјалната веб страница е со нивната независност, политичка различност и способност да поттикнат промени.

„ИПАК е место каде што истомислениците се здружуваат, обединети во верувањето дека само со застанување заедно и барање одговорност од Кина, демократските земји ќе го поддржат системот заснован на правила“, пишува на веб странцата на ИПАК.

Од 2020 до 2024 членови од Македонија во оваа меѓународна неформална организација на парламентарци беа пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Арта Билали Зендели од ДУИ.

Бидејќи Билали Зендели  после изборите 2024, не беше реизбрана за пратеничка, членови во ИПАК (IPAC) од Македонија се Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Фатмир Битиќи од СДСМ. Предуслов за пратеници од одредена држава да учествуваат во активностите на ИПАК (IPAC) е да има претставници од двата поголеми политички блока.

Трошоците за одржување на Самитот секогаш паѓаат на трошок на земјата домаќин, а оваа година тоа е Тајван.

Кина не е го признава Тајван како посебна независна држава туку како дел од Кина.

По победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 1998 година кога на владеачката коалиција ѝ се придружи партијата ДА, на Васил Тупурковски, Македонија го призна Тајван, а за возврат беше ветена инвестиција од една милијарда долари.

Но, наместо тоа Кина ги прекина дипломатските односи со Македонија.

Дипломатските односи со Кина, Македонија ги обнови во јуни 2001 година во екот на војната, откако беше доведен во прашање опстанокот на државата.

И.О.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ