сабота, 27 јули 2024

Кинеска приватна компанија ја лансираше најмоќната ракета досега (ВИДЕО)

Стартапот Ориенспејс со седиште во Пекинг денеска успешно ја лансираше досега најмоќната ракета од приватниот сектор во Кина, отворајќи го патот за идни лансирања во кои досега доминираа државни компании.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Ракетата Гравити-1 беше лансирана од брод во близина на брегот на источната провинција Шандонг, носејќи три сателити во орбитата, соопшти Ориенспејс.

Компанијата е основана во 2020 година од ветерани на кинеските државни вселенски агенции, а Гравити-1 првично требаше да биде лансирана во првата половина на 2023 година. Ракетата може да носи товар до 6,5 тони во ниската Земјина орбита, што ја прави најмоќното вселенско летало некогаш лансирано од приватна кинеска компанија.

Нејзината премиера би можела да го отвори патот за други комерцијални лансирања на сателити. Директорот на Ориенспејс минатата година објави дека компанијата веќе добила нарачки за стотици од нив. Гравити-1 може да носи до 30 сателити со само едно лансирање. Ориенспејс исто така тврди дека може да организира лансирање за помалку од една недела, а во некои случаи и за помалку од 24 часа.

Способноста на ракетата да биде лансирана од море значително го зголемува опсегот на потенцијални локации за лансирање и ги намалува ризиците за населените области. Ориенспејс е петта кинеска приватна компанија која лансираше сопствена ракета, по Ајспејс, Галактик енерџи, Спејс пајонир и Ландспејс, објавија кинеските државни медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ