сабота, 27 јули 2024
Кинеската помошник-министерка за надворешни работи

„Кина закана за светската безбедност, сериозни ли сте, а што сте тогаш вие од Г7?“

Објавено на

часот

Сподели

„Некои членки на Г7 ја нарекоа Кина најголемата закана за глобалната безбедност и просперитет. Дали сте сериозни?“, напиша таа на социјалните мрежи.

„Ако Кина е закана, тогаш што се некои од членките на Г7 што почнуваат војни со суверени држави, соборуваат легитимни странски влади, се повлекуваат од мултилатералните договори и ги принудуваат другите земји да ги прекинат синџирите на снабдување“, праша кинеската функционерка.

Хуа истакна дека во сегашната фаза, Кина е „моторот број 1 на светската економија“, дека придонесува за светскиот раст повеќе од сите членки на Г7 заедно, дека одржува трговски и економски односи со повеќе од 140 земји во светот, и дека е вториот најголем придонесувач во финансирањето на мировните операции на ОН.

Кинескиот заменик-министер за надворешни работи Сун Вејдонг во понеделникот го повика јапонскиот амбасадор во Пекинг Хидео Таруми на состанок за да му врачи протестна нота поради прашањата поврзани со Кина, дискутирани на самитот на Групата седум (Г7) во Хирошима за време на викендот.

Лидерите на Г7 на тридневниот самит изразија сериозна загриженост поради, како што рекоа, зголемените тензии во Источно и Јужно Кинеско Море, како и за состојбата со човековите права во Кина, вклучувајќи ги Тибет и Синџијанг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ