сабота, 27 јули 2024

Кина за заедничките воени вежби меѓу САД и Филипините: Тоа е провокација

Кина денеска ги оцени како „провокација“ заедничките воени вежби меѓу САД и Филипините во Јужното Кинеско Море, додека нејзината војска исто така спроведува воени вежби по серијата инциденти во спорните води.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Филипините и Кина долго време се во спор околу водите во Јужното Кинеско Море, но поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте не сакаше да го критикува својот моќен сосед.

Сепак, неговиот наследник Фердинанд Маркос Џуниор, кој дојде на чело на државата во јуни 2022 година, зазеде поцврст став кон Кина по прашањето на суверенитетот и ја приближи земјата до САД.

Во декември имаше повеќе инциденти во Јужното Кинеско Море меѓу Филипините и Кина, вклучително и судир меѓу филипински брод и брод на кинеската крајбрежна стража. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за инцидентите.

САД објавија дека во Јужното Кинеско Море се одржуваат вежби со филипинската морнарица. Во вежбите учествува американската воздушно-поморска група околу носачот на авиони на нуклеарен погон УСС Карл Винсон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ