петок, 13 декември 2024

Кина за време на воена вежба симулирала напади на клучни мети на Тајван

Објавено на

часот

Сподели

Вежбата наречена „Обединет меч“ треба да трае до утре. Неа остро ја осудија Тајван и САД и го повикаа Пекинг на воздржаност, наведувајќи дека каналите за комуникација со Кина се отворени.

Целта на вежбата на Кина е проверка на капацитетите за преземање контрола над морето, воздушниот простор и информациите, за одвраќање и целосно опкружување на Тајван, соопшти вчера Кина.

Денес тајванското министерство за одбрана забележало девет кинески воени бродови и 58 авиони околу островот, откако претходниот ден регистрирало исто толку воени бродови и 71 авион.

Кинеската војска симулирала денес и „прецизни напади“ на клучни мети на Тајван и во околните води, а во нив учествувале десетици авиони и копнени трупи, јави кинеската државна телевизија.

Според Пекинг мобилизирани се разурнувачи, брзи бродови за лансирање ракети, борбени авиони други летала, во рамки на вежбата.

Тајван од граѓанската војна во 1949 сака независност од Кина, која го смета за дел од својата територија и осудува секаков вид политичка комуникација со владата на одметнатиот остров. Кина порачува дека ќе го сочува Тајван „макар и со сила“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ