сабота, 27 јули 2024

Кина воведе санкции за американски компании зашто му продавале оружје на Тајван

Кина денеска објави дека вовела санкции за две американски компании за воена опрема поради продажба на оружје на Тајван, кој таа го смета за отцепен остров што мора да биде вратен макар и со сила.

Објавено на

часот

Сподели

Замрзнат е имотот на Џенерал атомик аеронаутикал системс и на Џенерал дајнемик ленд системс во Кина. Со оваа мерка се забранува и влез на менаџментот на тие компании во земјата.

Џенерал дајнемик му помага на Тајван да купи тенкови Абрамс за да го замени застарениот тип со цел да ја одврати или да се спротивстави на инвазијата од Кина.

Џенерал атомикс ги произведува беспилотните летала предатор и рипер, кои ги користи американската војска. Кинеските власти не кажаа ништо за наводната вмешаност на компанијата во снабдувањето на Тајван со тоа оружје.

Официјален Пекинг и претходно се закануваше со такви санкции, но избегнуваше да ги воведе, бидејќи кинеската економија зависи од странски инвестиции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ