петок, 18 октомври 2024

Кина усвои закон кој на Комунистичката партија ѝ дава поголема контрола врз владата

Кинескиот парламент, Националниот народен конгрес, усвои ревидиран закон со кој се овозможува Комунистичката партија на Кина да има поголема извршна контрола врз кинеската влада, Државниот совет.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во дополнувањата на законот се истакнува дека Државниот совет мора решително да го поддржува авторитетот на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и да го следи нејзиното раководство и генералниот секретар на партијата Си Џинпинг.

Кинеската влада соопшти на 4 март дека нема да биде одржана годишната конференција за новинари на кинескиот премиер Ли Чијанг по годишната седница на парламентот, како што беше вообичаено.

Портпаролот на Националниот народен конгрес изјави, пред отворањето на годишната седница на собранието, дека, доколку нема посебни околности, годишна конференција за медиумите на премиерот нема да биде одржана ни во следните неколку години.

Годишната седница на кинеското собрание почна на 5 март, а заврши вчера.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ