Во дополнувањата на законот се истакнува дека Државниот совет мора решително да го поддржува авторитетот на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и да го следи нејзиното раководство и генералниот секретар на партијата Си Џинпинг.
Кинеската влада соопшти на 4 март дека нема да биде одржана годишната конференција за новинари на кинескиот премиер Ли Чијанг по годишната седница на парламентот, како што беше вообичаено.
Портпаролот на Националниот народен конгрес изјави, пред отворањето на годишната седница на собранието, дека, доколку нема посебни околности, годишна конференција за медиумите на премиерот нема да биде одржана ни во следните неколку години.
Годишната седница на кинеското собрание почна на 5 март, а заврши вчера.