сабота, 27 јули 2024

Кина санкционира пет американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина најави санкции против пет американски компании, производители на воена опрема како одговор на американската продажба на оружје на Тајван и американските санкции за кинески компании и поединци.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Санкциите ќе ги замрзнат сите средства што ги имаат компаниите во Кина, а на кинеските организации и поединци ќе ѝм биде забрането да работат со нив, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи соопшти дека потезите на САД му наштетиле на суверенитетот и безбедносните интереси на Кина, го нарушиле мирот и стабилноста низ Тајванскиот теснец и ги прекршиле правата и интересите на кинеските компании и поединци.

„Кинеската влада останува цврста во својата определба да го заштити националниот суверенитет, безбедноста и територијалниот интегритет, како и легитимните права и интереси на кинеските компании и граѓани“, се вели во соопштението.

Кина смета дека Тајван, кој прогласи независност, е дел од нејзината територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ