петок, 26 јули 2024

Кина сака да го преземе светскиот пазар на бродови на почисти горива

Кина сака до 2025 година да произведува повеќе од половина од бродовите на глобално ниво кои ќе користат почисти горива, според најновите насоки на министерството за индустрија.

Објавено на

часот

Сподели

Во документот на кинеското министерство не се наведува колку бродови треба да бидат изградени, но насоките покажуваат дека Кина ќе гради повеќе бродови на горива со ниско учество на јаглерод како што се метанол или течен природен гас (ЛНГ), во рамки на планот за јаглеродна неутралност до 2060 година.

„Треба да се воведат иновации во бродските мотори, да се подобри ефикасноста на бродските мотори на традиционално гориво и течен природен гас и континуирано да се зголемува употребата на ЛНГ во бродските мотори во големи размери“, се наведува во документот на кинеското министерство за индустрија и информациски технологии, објавен вчера.

Големите компании напредувале во намалувањето на загадувањето и емисиите на јаглерод, со потрошувачка на енергија по 10.000 јуани новосоздадена додадена вредност помала за 13,5 отсто отколку во 2020, се додава.

Еколошката транзиција на бродскиот сектор ќе биде довршена до 2030 година, се додава во документот на кинеското министерство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ