вторник, 10 декември 2024

Кина предупредува: Ќе го уништиме секој обид за независност на Тајван

Пекинг ќе спречи секаков обид на Тајван официјално да прогласи своја независност, порача портпаролот на кинеското министерство за одбрана Џанг Шјаоганг, по повод изборите на одметнатиот остров.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кинеската народноослободителна армија останува постојано во висока готовност и ќе ги преземе сите неопходни мерки за решително да задуши каков било облик на тајвански сепаратистички заговор“, кажа Џанг.

Според него, Пекинг се фокусира на „решителна одбрана на националниот суверенитет и територијалниот интегритет“.

Шјаоганг ги искоментира информациите за плановите на тајванската влада да набави американски борбени авиони Ф-16, порачувајќи дека властите на островот „ги трошат тешко заработените пари на Тајван за оружјето на Вашингтон за своите себични интереси“.

„Меѓутоа, тоа не може да го сопре трендот на повторно обединување на татковината и само ќе го турне Тајван во опасна воена ситуација“, прецизираше Џанг.

Изборите за шеф на тајванската администрација и изборите за парламентот на Тајван се одржаа денес, 13 јануари.

Новиот претседател на Тајван Лаи Чинг Те изјави по победата на претседателските избори дека ќе го заштити островот од „заканите и заплашувањата на Кина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ